Лазар Младенов: ВМРО не се краде, ВМРО се носи во срцето, ВМРО е начин на живот (ВИДЕО)

0

Вчера (13.01.2018 г.) по повод 90 годишнината од херојскиот чин на тетовчанката Мара Бунева во организација на Бугарскиот Културен Клуб Скопје (БККС) беше отслужена панихида од македонски и бугарски свештеник во црквата ʺСв. Димитар” во Скопје.

Како што е познато овогодинешната панихида во организација на БККС беше под мотото ДА за договорот за добрососедство ! Да за заеднички чествувања ! Ова мото обедини можеби до сега рекорден број на граѓани на Р. Македонија и Р. Бугарија за да оддадат почит на херојскиот чин на Мара Бунева, личност од заедничката историја на двете држави.

По отслужената панихида беа положени цвеќиња и венци на паметната плоча близу лобното место на Мара Бунева на кејот на Вардар. На присутните се обратија г-дин Ангел Џамбазки пратеник во Европскиот парламент, Атанас Стојанов пратеник во Народното собрание на Р. Бугарија, Елисавета Шапкарева внучка на Кузман Шапкарев и Лазар Младенов претседател на БККС. Беше прочитано и поздравно писмо од г-дин Андреj Ковачев пратеник во Европскиот парламент.

Меѓу присутните беа и Евелина Александрова внучка на Тодор Александров и Рајна Дрангова внучка на Борис Дрангов.

Говорот на Лазар Младенов во целост може да го проследите на прикаченото видео.

Източник: http://tatkovina.info

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Моля, въведете името си тук

Този сайт използва Akismet за намаляване на спама. Научете как се обработват данните ви за коментари.